Живот и Стил

Инстаграм воведува нова интересна опција

Инстаграм воведува нова интересна опција

Instagram воведува нова опција која ќе овозможи повеќе луѓе да разговараат во живо во исто време.

Станува збор за функцијата под назив „Live Rooms“ која овозможува да разговараат четири лица преку видеоповик, а досега можеа да разговараат само две.

Како што порачуваат од Instagram, се надеваат дека новата опција ќе ги поттикне корисниците да формираат музичка група или на некој начин да се здружат преку платформата.

Опцијата Live Rooms е слична како и популарната апликација Clubhouse, а разликата е што на таа апликација не мора да вклучите камера, додека на Instagram мора.

Clubhouse е достапна само за iOS и тоа само доколку некој ви испрати покана.

извор: кајгана

To top