Инстаграм страницата „Belleza Falsa“ објавува фотографии кои ја прикажуваат вистинската текстура на кожата на познатите дами и ги разбива илузиите кои ги носат социјалните мрежи и невозможните стандарди за убавина.
На овој профил „Belleza Falsa“ („Лажна убавина“) можат да се пронајдат фотографии од бројни убавици кои прават споредба помеѓу објавените ретуширани фотографии и оние реалните.
View this post on Instagram
Настојувајќи да прикаже како навистина изгледа човечката кожа, фотографиите покажуваат што се крие под бројните филтери на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Реалноста и Инстаграм објавите на одредени познати личности“, се наведува во описот на објавата која споредува како всушност изгледаат дамите како Џиџи Хадид, Ирина Шајк, Елса Хоск, Ева Лонгорија, Сара Сампајо…
Помеѓу бројните фотографии можат да се пронајдат и такви кои прикажуваат како изгледаат некои славни личности пред и по естетските зафати, а ги „разоткриваат“ и познатите како Џенифер Лопез кои претеруваат со ретуширање на своите објави на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: точка.ком.мк