Вистаграм

Инстаграм моментално е опседнат со фризура која веројатно нема да ја пробате

Инстаграм моментално е опседнат со фризура која веројатно нема да ја пробате

Во последно време социјалните мрежи ја презедоа улогата на главни креатори на потенцијалните трендови.

Дури и модните писти и креациите на славните дизајнери паднаа во втор план. Сепак, понекогаш веројатно и вас ви се чини како единствено вие да не гледате ништо убаво во трендовите кои се појавуваат еден по друг.

Бициклистички хеланки и преминијатурни очила за сонце се само некои од тие сомнитени трендови. Но, има луѓе кои верно ги носат и ги промовираат.

Токму тоа може да се случи и со фризурата која со брзина на светлината се движи кон местото на најпосакувани фризури оваа сезона.

Ако може да судиме според Инстаграм, наскоро би можеле да носиме фризура која најголемите критичари би можела да ги потсети на фудбалерка. Ваков начин на шишање бил многу популарен во 70-те и 80-те години, кога предводнички на тој тренд биле Џејн Фонда и Стиви Никс.

Иако не изгледа како нешто што сите дами би требале да го носат, фризерката Џејн Метју тврди дека токму оваа фризура е идеална за секој облик на лицето.

 

View this post on Instagram

 

Shagadocious bro

A post shared by Sarah Hyland (@sarahhyland) on

„Сè додека фризурата е рамномерна со обликот на лицето, косата и обликот на телото, речиси секој може да носи шишки и слоевито скратена коса, која на некој начин е неуредна“, објаснила Метју.

Ако може да ѝ се верува неа, наскоро рамно скратената коса може да стане минато, а на големата врата би се вратиле слоевитите фризури.

извор: Кармин

To top