Поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ иако не е присутна во македонската јавност, таа е активна на социјалните мрежи и често објавува фотографии со кои ги информира своите следбеници за нејзините активности.
Во денешно време кога технологијата е на развиено ниво, социјалните мрежи се еден вид на мост меѓу познатите и нивните фанови (следбеници). Од „Фејсбук“, „Инстаграм“ може да дознаеме кој што прави, каде се наоѓа, дали некој подготвува нешто ново, на каков проект е ангажиран, љубовниот статус итн.
Мелита е активен корисник на „виртуелната комуникација“, а сега пред крајот на 2019 година го искористи слободното време да одговора на „Инстаграм прашања“ каде што проговори за својот емотивен статус, за тоа што мисли што нејзината ќерка е водителка… А освен тоа Мелита доби и многу комплименти дека важи за најубава жена.
Во продложение ви го пренесуваме „Инстаграм интервјуто“ на Ракиќевиќ со прашањата за кои јавноста беше најмногу љубопитна.
1 Дали си во врска со Емил ?
Хахаха…Емил ми е близок пријател со кој многу се почитуваме и сакаме.
-
Како се чувствувате дека Барби е водителка на „Бекстејџ“?
Горда сум на Барби, таа е преталентирана за многу работи, поседува убава и интелигенција. Среќна сум што е посебна.
-
Само дел од политиката те немаше 2019 година?
Ме имаше каде требаше.
-
Дали би дошла во Охрид до крајот на годинава? И какво пакетче?
„Немам во план. Често ми пишуваш пораки. Јасно ми е што се твоите желби, но морам да те разговарам….Фала за се“.
-
Дали си среќна и заљубена?
„Да“.
-
Ќе ми пиеме ли некад кафе?
„Не. Никогаш не пијам со непознати, само со мои блиски луѓе“.
-
Дали според тебе вреди да се бориш и покрај се за личност која ти значи? И покрај гордоста на другата личност.
„Од искуство. Јас долго се борев и се изморив. Да вредело ќе траело. …Подобро да си дадеме нова шанса за љубов“.
-
Дали и правиш на Барби проблем за момчиња?
„Со Барби имаме другарски и отворен однос. Се си кажуваме и разговараме. Играм огромна доверба во мојата ќерка, ништо не и забранувам. Не и правам проблем ниту за момчиња, а таа се советува за сè со мене….
-
Дали си слободна?
„Не“.
-
Колку често одиш во теретана, секоја чест врв си?
„Вежбањето е стил на живот, култура и самопочитување. Долго вежбам и навистина има резултати. Ако не одам во теретана вежбам дома со тегови, значи секој ден…
-
Дали имаш дечко од подземјето на Скопје?
„Не“.
-
Убавината и успехот тешко кои ги простува. Како се справувавте со љубоморни и пакосни луѓе?
„Со тотален игнор“.
-
Зошто не си на ТВ екраните? Беше посебна?
„Едноставно се презаситив од таа професија. Но и немало јака понуда која ќе вреди да се вратам“.
-
Дали според тебе е во ред да си во врска со женет човек да го сакаш и таа љубов да ти е возвратена?
„Никогаш никого за никого не осудувам. Се е работа на избор. Кога љубов е во прашање имам големо разбирање.
-
Мелита ти си најубавата и најхрабарата жена што сум ја видел некогаш? Како ти оди?
„Благодарам, не сум била подобро од сега, а ја имав една од најлошите години во мојот живот“.
-
Преубава си…но кога твоите усни беа поприродни изгледаше совршено…
„Не се согласувам. Но, фала“.