Инди Арадиновиќ сакајќи бргу да ослабе, отиде на операција на желудникот, на кој и беше ставен прстен, но набргу потоа работите се искомплицираа. Состојбата толку и се влоши, што пејачката речиси ќе го загубеше животот кој во еден момент и висеше на конец, но за среќа преживеа, а по успешната рехабилитација видно иослабена се врати во секојдневниот живот.
Летово Инди реши да покаже дека ризикот беше голем, но сепак не и попуст, па се соблече за сите да видат како сега таа изгледа. Се разбира, фотографиите од нејзиниот одмор осамнаа на социјалните мрежи.
На нив, Инди во различни костими за капење, во преден план ги истакнала големите гради но и рамниот стомак.
Впрочем, без оглед дали е легната крај базенот или испружена крај морскиот брег на песочна плажа, Инди откако по операцијата сврте нова страница, сега изгледа како латиноамериканска убавица!