Тенката и ретката коса се чест проблем меѓу жените. Факт е дека таквиот тип и состојба на косата влијае врз самодовербата на секоја жена.
Но, за среќа постојат трикови и фризури со кои можеме да се послужиме и со кои тој недостаток да го сокриеме.
Стилистите откриваат неколку совети, а ние ви ги пренесуваме во продолжение:
– Тенката коса не би требало да биде подолга од рамениците. Идеалната должина е до брадата, односно до крајот на ушите. Доколку се одлучите да имате должина под рамениците, тогаш пожелно е да носите и шишки, кои можат да бидат и подолги. За што и да се одлучите, убаво би било косата околу лицето да е пократка и разиграна, бидејќи ќе го отвори лицето.
– Боб е идеалната фризура за жени со тенка коса. Таквиот геометриски облик на фризурата, при што косата е поостро или поблаго шишана, ќе даде привид на густина на косата.
– Слоевито скратената коса е исто така одличен избор. Пожелно е најкраткиот слој на косата малку да отскокне, па освен визуелно и на допир ќе имате впечаток дека косата има волумен и густина.
– Ако сакате да ја бојадисувате косата, а имате тенка и ретка, прамените и „преливите“ се најдобро решение. Комбинацијата на светли и темни прамени ќе создаде илузија на волумен, ќе се добие динамичности и длабочина.
– Тенката коса побрзо се масти, па пожелно е да се мие на секои ден-два со препарати за волумен на косата. И токму поради таквото одржување, пожелно е фризурата да е пократка.
– На тенка коса не нанесувајте регенератор, затоа што веќе за неколку часа ќе биде мрсна. Користете средства за подобро расчешлување на косата, но специјално за масна коса. Исто така, кога ќе ја миете, немојте да ја триете силно со крпата за коса, затоа што лесно ќе се заплеткаат, потоа ќе дојде до кубење и оштетување на влакното.
– Освен шампон за волумен, користете и пена или спреј, а посебно добри се и препаратите во прав за волумен.
извор:точка.ком.мк