Радио Милева важен ден за инфлуенсерката

Имаше убав повод за славење: Миа Костова на Водици го крстеше синот Андрија (фото)

Имаше убав повод за славење: Миа Костова на Водици го крстеше синот Андрија (фото)

Екс водителката, инфлуенсерката Миа Костова на вчерашниот голем празник Водици го крстеше својот син Андрија.

Церемонијата се случи во Охрид, по осветувањето на водите во Охридското Езеро.

Костова на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии од крштевката на синот. Имено, таа во кусите приказни сподели фотографија од синот и кумата во црква.

 

Потоа, мама Миа позираше со Андрија и со кумата.

По церемонијата, екс водителката заедно со синот и неколку пријатели направија прослава на сплав на Свети Наум во Охрид.

Со музика, добро расположение, Миа ја славеше крштевката на синот на еден од најубавите верски празници.

Таа на крајот се заблагодари на сите за честитките и убавите желби.

Да е жив и здрав.

фото: инстаграм/миа костова

To top