Пејачката Мјерима Његомир почина во ноември претходната година, а сега нејзината ќерка Љубица Његомир откри низ што поминувала нејзината мајка за време на борбата.
Имено, таа откри како на Његомир и било дијагностицирано канцер и колку време поминало откако дознала дека има рак, додека да ја изгуби битката со опасната болест.
-Два месеци и десет дена. Сите беа со неа, сите нејзини четири сестри. Се посветивме да биде подобро и да оздрави. Тоа беше голем удар за нас. И за неа, таа беше шокирана со дијагнозата. Не можеше да верува. Ние мислевме дека ќе почине од инфаркт, никако не помисливме дека ќе добие канцер, вели таа за стори.рс
Љубица вели дека нејзината мајка чувствувала болки во стомакот поради што била на доктор,
-Почна да чувствува болки уште во април, беше кај доктор кој ја лекуваше од хеликобактери која ја доби како последица од корона. Направи ултразвук и се беше во ред. Неколку пати го праша докторот да направи магнетна резонанца бидејќи се жалеше дека чудно ја боли. Но, мислевме дека докторите знаат најдобро и дека нема потреба да се зрачи со магнетна резонанца. Кога болките станаа многу силни, не можеше да јаде, без консултација на доктор направи магнетна и ја доби дијагнозата, вели Љубица.
-Тогаш започна еден ролеркостер, не знаевме што да правиме од толку информации. Сите доктори предвидуваа брз крај бидејќи мама касно отиде на лекар. На неа и беше лошо за време на втората хемотерапија, тогаш и се влоши состојбата, доби бактерија од која се разви сепса. Некои доктори кажаа дека бактеријата е во согласност со болеста, но ја доби во болница. На крајот поради бактеријата доби сепса и поради неа почина, вели Љубица.
фото: Дамир Дервишагиќ/принтскрин/фејсбук/бошко карановиќ