Лесли Максвел има 64 години и е опседната со фитнес. Својата страст кон спортот постојно ја споделува на Инстаграм, каде редовно добива бројни комплименти за својата извајана фигура.
Лесли вели и дека најмногу сака да оди во теретана со својата 19-годишна внука Тија, а и двете забележуваат дека оваа баба привлекува повеќе додворувачи.
„Изгледа фантастично за своите години, затоа и не ме чуди вниманието кое го добива“, вели внуката, додавајќи дека на нејзината баба често ѝ се додворуваат и 18-годишни момци.
View this post on Instagram
„Знаат да бидат прилично безобразни понекогаш. Има и такви кои ми испраќаат фотографии од полови органи. Меѓутоа, бирам да го сфатам тоа како комплимент“, вели Максвел.
Меѓутоа, додека Тија е воодушевена од изгледот на Лесли, нејзината ќерка Ванеса баш и не е.
„Не ми е пријатно на мојата мајка да ѝ пристигнуваат такви фотографии од тинејџери“, вели таа.
View this post on Instagram
Лесли од друга страна смета дека тоа е дел од нејзината работа како инфлуенсерка.
„Јас сум производ на она во кое верувам. Не можам да го покријам своето тело, напорно работев на него“, додава 64-годишната баба.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: кармин.ком.мк