Бранка Лазиќ, мајката на Дарко Лазиќ, веќе некое време ужива во љубовта со Драган Пауновиќ.
Драган во интервју за локалните медиуми сега истакна дека Бранка Лазиќ не ги вложува парите во неговиот бизнис.
– Не соработуваме во бизнисот, не сме деловни партнери. Со Бранка сме во врска неколку месеци, ме поддржува како емотивен партнер, да не речам девојка, тоа е за помлади. Кога патувате многу и имате многу работа, потребен ви е некој со кој ќе можете да разговарате и да споделите сè и во таа смисла таа е тука за мене – вели Драган.
Драган откри со каков бизнис се занимава, особено откако се врати во Србија и истакна дека не е милијардер како што беше првично објавено.
– Роден сум во Холандија, работев таму, но веќе некое време сум во Србија, поради моите деца и мојата приватна ситуација. Затоа решив да го проширам бизнисот овде. Кога дојдов ја отворив првата компанија која се занимава со конзуларни работи, електронски визи и слично. Се занимавам со недвижен имот и во Холандија и во Франција, а покрај тоа, мојата компанија обезбедува и безбедност и менаџирање на познати личности во светот на спортот – изјавил Драган.
Фото: Принтскрин/Facebook/darko_lazic_fp__