Радио Милева „Дадов се' од себе да издржам“

Тијана Дапчевиќ имала 115 килограми, а ослабела дури 45: „Рацете ми беа како бутови“ (фото)

Тијана Дапчевиќ имала 115 килограми, а ослабела дури 45: „Рацете ми беа како бутови“ (фото)

Пејачката Тијана Дапчевиќ за српските медиуми го сподели своето искуство поврзано со губењето на вишокот килограми што ги доби за време на бременоста со синот Вук која и се случи пред повеќе од една деценија.

Тијана сподели со јавноста дека за време на периодот кога била бремена, се здебелила дури 45 килограми и дека имала 115 килограми пред да се породи.

Таа додаде дека се чувствувала гладна скоро 24 часа на ден и дека честопати прибегнувала кон нездрава храна.

– Буквално носев друга личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да губам тежина само кога сфатив дека не ми треба диета, туку да го сменам мојот животен стил. Ние жените имаме неверојатна блокада на главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не треба – изјави пејачката за „Хит Информер“.

Тијана, како што се наведува, денес го започнува денот со овесна каша со чија и црвено овошје, таа обично јаде мисирка со зеленчук за ручек, и морско со салата за вечера.

– Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, јас често се опуштам и се здебелувам – рекла Тијана, чија цел е да изгуби уште девет килограми.

За потсетување, еве како изгледаше Тијана во 2009 година за време на бременоста, споредено со фотографија од 2019 година:

To top