Лепа Брена и Боба традиционално како и секоја година заминаа на јануарско патување во Дубаи.
Освен Брена и Боба, друштво им прави и Александра Пријовиќ како и нејзината мајка Борка. Прв пат оваа година друштво им прави и новиот член на семејството, односно синот Александар.
„И оваа година Боба го испланира патувањето на кое заминавме заедно со семејството на Филип, а првпат со нас и малиот Александар“вели брена за Блиц и додава:
„Прва дестинација ни беше Рим, па Дубаи, а потоа продолжуваме на Малдивите каде што ќе се одмориме и ќе ги наполниме батериите за нови предизвици“ вели пејачката за блиц.рс
Брачниот пар Живојиновиќ за ова патување издвоиле повеќе од 20 000 евра, пишуваат српските медиуми