Живојиновиќ се трудат да ги исполнат сите желби на новопечената мајка Александра Пријовиќ – Живојиновиќ, а посебно да не го прават она што и пречи.
Александра и Филип се преселија во новиот дом, а избраа место кое е близу до куќата на Брена и Боба. Иако кујната им е совршено средена и врвно опремена, во нивниот дом сепак исклучиво се носи само храна од надвор која се подготвува во куќата на Лепа Брена.
Младата пејачка само што стана мајка, но се уште и пречат мирисите и не сака да се подготвува храна во нејзиниот дом. Затоа некој од членовите на семејството или вработените секојдневно носи храна за неа, бебето и за Филип.
View this post on Instagram
Бидејќи Александра го дои бебето, сите се трудат да се храни здраво, дознава српски „Свет“.
Иако од породувањето помина малку време, Александра се чувствува одлично и ужива во секој момент со својот наследник, а како што изјави Брена за српските медиуми, снаата многу брзо закрепнува од царскиот рез.
фото:инсатграм/александра живојиновиќ