Кога станува збор за овошје кое може да ви помогне да забремените, на прво место се споменува кивито. Бидејќи има високи ниво на фолна киселина ги зголемува шансите да останете бремени и го намалува ризикот од абортус.
Исто така, многу трудници добиваат фолна кислеина да ја консумираат на почетокот од бременоста, зашто е важна за правилен развој на детето и за неговото здравје. Таа е член на семејството на Б-витамини и е клучен нутриент кога станува збор за развој и одржување на растот на клетките. Редовната и вистинска консумација на фолна киселина ги спречува дефектите во развојот на детето.
Бременоста носи со себе и проблеми со запек, па дури и хемороиди. Диеталните влакна кои се наоѓаат во кивито се одлични за спречување на тие проблеми.
Со дневно внесување на киви можете да спречите проблеми како што се гасови, мачнини и проблеми со варењето.
Исто така, кивито е добро за трудниците и затоа што е полн со антиоксиданси, со чија помош се борите против слободните радикали кои се таложат во вашето тело.
Бременоста може да биде проблематична и да ви се чини дека сте постојано уморни, слаби и како болни. Тоа е од една страна нормално, но потребна е речиси двојно за да го зајакнете организмот, затоа што здравите мајки раѓат здрави деца. Со кивито се борите против разни инфекции и болести кои можеле да ве нападнат и го јакнат системот за имунитет. А бидејќи е богат со витамини Ц и Д тој го крева нивото на енергија и го согорува вишокот на масти.
Само внимавајте кога купувате киви да не е мек и стар. Излупете го и ставете го во овошна салата, или пак јадете го сам за себе.
Ако веќе земате фолна киселина консултурајте се со лекар пред да почнете поактивно да консумирате киви.
Што се однесува до зеленчукот, нутриционистите советуваат за време на бременоста да се внесува свежо рендано или варено цвекло.
извор: Мајка и дете