Радио Милева

Има 64 години и изгледа бомбастично во бикини: Ова е мајката на Кејт Мидлтон (фото)

Има 64 години и изгледа бомбастично во бикини: Ова е мајката на Кејт Мидлтон (фото)

Додека војвотката Кејт Мидлтон традиционално ги поминува божиќните празници со кралското семејство, нејзината мајка Керол и сестрата Пипа уживаат на карипскиот остров.

Папараците успеале да ги фотографираат мајката и сестрата на војвотката додека уживаат на плажа, а таа прилика беше совршена за да ја фотографираат мајката на Кејт во костим за капење.

Јавноста веќе се навикна на фотографиите од Пипа Мидлтон, затоа што сестрата на Кејт не се крие од папараците додека е на одмор.

Меѓутоа, никој не се надевал дека ќе има можност да ја види мајката на идната кралица во бикини.

Керол и Пипа уживаат со остатокот од семејството во луксузен ресорт каде со години одмараат богатите.

Брачниот пар Мидлтон ги искористил божиќните празници за посета на тропскиот рај заедно со помладата ќерка и нејзиниот сопруг Џејмс, а исто така во нивна придружба е и едногодишниот син Артур.

Женските членови на семејството Мидлтон покажаа фит фигури на плажа. Мајката има 64 години и изгледа бомбастично, а ќерката иако пред една година стана мајка, не и требаше многу време за да се врати во форма.

To top