Чипсот од тестенини е една од многуте ТикТок сензации, а ова популарно јадење е направено од варени тестенини прелиени со маслиново масло, пармезан и зачини, а потоа се пржат додека не станат крцкави.
Оригинално наречен паста чипс, излегува толку крцкав и совршен за потопување во вашиот омилен сос што го прави особено погоден за сервирање како предјадење.
Можете да користите какви било тестенини по ваш избор.
Пармезанот дава одличен вкус и станува крцкав дури и во фритеза, а можете да го замените со меки сирења кои се добро изрендани како гауда.
Состојки
За чипс:
– 250 грама тестенини
– 1 лажица маслиново масло
– 3 лажици рендан пармезан
– ½ лажичка италијански зачини
– ½ лажичка лук во прав
– сол и бибер
За сос:
– 120 грама рендано фета сирење
– 50 грама грчки јогурт
– 1 чешне лук
– 2 лажици маслиново масло
извор:точка.ком.мк