Вистаграм

Играл само половина час на СП, а сега има половина милион нови следбеници на Инстаграм

Играл само половина час на СП, а сега има половина милион нови следбеници на Инстаграм

Исландскиот играч кој во натпреварот против Аргентина играл само половина час, стана вистинска сензација на социјалните мрежи. Имено, откако накратко влегол во игра, тој буквално преку ноќ добил 250 илјади нови следбеници.

Рурик Гисласон ги полуде жените ширум светот, а стекнал посебна популарност во Јужна Америка.

Бразилската актерка Габриела Лопес ги запрашала своите два милиони обожаватели „како е можно да е толку сладок“, а згодниот Исланѓанец не престанува да освојува со својот изглед.

A post shared by Rurik Gislason (@rurikgislason) on

Аргентинската актерка Гимена Акарди споделила дека 40 илјади нејзини обожаватели започнале да го следат профилот на Гисласон за само 30 минути. Пред натпреварот, фудбалерот имал околу 30 илјади следбеници, а таа бројка моментално изнесува 490 илјади и понатаму молскавично расте.

A post shared by Rurik Gislason (@rurikgislason) on

Легијата на новите обожаватели на исландскиот фудбалер ќе има прилика да го види во акција овој петок во натпреварот против Нигерија.


извор:курир

 

To top