Радио Милева порака до вечноста

Игор Џамбазов со емотивна прошетка по сеќавањата на денот кога татко му – маестро Александар Џамбазов почина: „Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш“

Игор Џамбазов со емотивна прошетка по сеќавањата на денот кога татко му – маестро Александар Џамбазов почина: „Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш“

Македонскиот мултиталент, актер, водител, пејач, писател, шоумен… и што ти уште не, Игор Џамбазов, имаше причина за двојна тага. Онаа љубовната, која никако не минува откако неговата љубена Илина Арсова замина за Америка и ова другата, природна за секој кој изгубил некој свој најблизок… Во случајов, Игор  својот татко, маестро Александар Џамбазов, на чија годишнина од неговото заминување во вечноста, тој со емотивна прошетка по сеќавањата се потсети на него и денот кога тој почина.

Игор како што го дал Бог, во свој стил, јавно на социјалните мрежи  му се обрати на својот татко на денот на годишнината од неговото заминување, со монолог кој колку да е невообичаен за вакви прилики, сепак  сурово реален.  Во зборовите во кои има многу вистина, Игор со две – три  реченици ја опиша годината која помина без неговиот татко, кому му го порача она што за овие 365 дена без него го виде, слушна, доживеа и почувствува:

„Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.  Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.
Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.
Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот…“ – му напиша синот на својот покоен татко во пораката која кој знае… Можеби на некој волшебен начин и ќе отпатува таму некаде горе… до вечноста.

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov

To top