Радио Милева викенд на мртовци

Игор Џамбазов го умреа: Лажната вест на социјалните мрежи ја распамети и наежи македонската јавност иако беше само обична глупост (ФОТО)

Игор Џамбазов го умреа: Лажната вест на социјалните мрежи ја распамети и наежи македонската јавност иако беше само обична глупост (ФОТО)

Социјалните мрежи дефинитивно станаа „поле за натпревар кој поголема глупост ќе објави“.  Врие од  она што се нарекува: „Она од што паметниот се срами  – будалата со  гордост се фали“, па сме преплавени со тоа кој кај бил, што правел, што јадел, што пиел… Од самобендисани нарциси и „напумпани“ невести до лажни вести…!

Меѓудругото и по некоја шокантна,  како онаа најновата, која  викендов на социјалните мрежи ја распамети и наежи македонската јавност иако беше само обична глупост! Човек да не знае дали да плаче или да се смее, дали е не дај Боже, веста навистина трагична или само трагикомична… За среќа, излезе дека е лажна и смешна, налик на „Викенд на мртовци“, комедијата во која една од улогите играше и главниот протагонист во оваа ситуација во која и самиот овој викенд се најде.

Имено, Игор Џамбазов на социјалните мрежи викендов го умреа! „Фејк“ веста ја објавил некој недоветен или поточно „недоквакан“ кој се задскрива зад псевдоним или лажен профил – сеедно, ама затоа никако не е сеедно она што го пласираше, обзнанувајќи проштален статус покрај фотографијата на Игор Џамбазов со зборовите: „Почивај во мир легендо“!

Освен што за миг ја распамети јавноста, па некои го протолкуваа како злобна намера, други сепак рекоа дека објавувачот „ги измешал лончињата“, со тоа што наместо фотографијата на покојниот маестро Александар Џамбазов кој почина деновиве пред две години, по грешка „плеснал“ слика на син му Игор!

Како и да е, на ова веднаш се огласи македонскиот шоумен со свој одговор со кој ги демантираше и отстрани сите сомнежи дека се случило најстрашното, па на „објавувачот“ му возврати со следниве зборови:

„Ќе почекаш малку пријателе. Само што изедов два чизкејка. Тешко дека бргу ќе се умира“ – му порача Џамбаз на „лажниот гробар“, а потоа покрај објавата сподели и свој статус:

„Македонијо моја. Што се’ немаш ти родено. Понекогаш ми е многу жал за тебе… Жив сум дечки, по обичај. Кога ќе бидам за умирачка, на стори ќе ставам. Без гајле.

Систер, @tanjadzambazova полека сфаќам зошто си замина од тука…“ – стои во објавата на Џамбазов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

На оваа „лажна умирачка“ реагираа многумина,меѓу кои и мноштвио познати личности кои го прокоментираа овој „идиотски чин“  со кој некој сакал „да си поигра“ или „толку му сечел умот“, па со објавата на глупоста ја распамети јавноста.

„Игор воскресна“ – напиша јутјуберот и подкастер, Стефан Лазаров.

„Аман бре, нозе ми се пресекоа“ – објави пејачката Андријана Јаневска.

„Леле, дали се нормални, бре?“ – јавно праша колешката на Игор, Весна Бејби Петрушевска.

„Да си ни жив и здрав“ – му порача Елена Петреска која сега живее надвор од Македонија, на релација Белгија – Франција.

„Цццццц…“ – загрижено  споделила Тамара Тодевска.

„Мене пред три години ме умреа. Секоја година сам помен си вадам“ – го тешеше „лажно покојниот“ шоумен, Пеце 0д „Суперхикс“….

Фото: Instagram/igordzambazov

 

 

To top