Живот и Стил

Идеја за ручек: Пробајте вака печена риба во рерна – никогаш повеќе нема да ја подготвувате на друг начин

Идеја за ручек: Пробајте вака печена риба во рерна – никогаш повеќе нема да ја подготвувате на друг начин

Можеби печењето риба на скара е највкусно, но овој начин на печење секогаш можете да го користите во вашата кујна.

Рибите како што се бранцин, платика, лосос, па дури и пастрмката се најсочни кога се печат во рерна.

Рибата можете да ја испечете на скара на парчиња, но се чини дека е уште повкусна ако во рибарницата ја исечат рибата на филети. Тоа е прашање на сечиј вкус.

Потребна ви е свежа риба, хартија за печење, неколку зачини и малку време.

Состојки:

– свежа риба (по желба);
– маслиново масло;
– 2-3 чешниња лук;
– малку магдонос;
– сол и бибер;
– 1 лимон.

Подготовка:

Измијте ја рибата и исчистете ја (обично тоа го прават во рибарница). Ако рибата не е пресечена на филети, засечете ја трипати со нож од двете страни.

Рибата премачкајте ја со масло, посолете и ставете бибер од двете страни и внатре. Исечканиот лук измешајте го со маслиново масло и лимонов сок и со тоа премачкајте ја внатрешноста на рибата, а можете да истурите и на горната површина.

Ако ви останал уште лимонов сок и маслиново масло, слободно прелијте врз рибата.

Печете околу половина час, во зависност од големината на рибата и јачината на рерната.

 

На здравје!

To top