Се подготвуваат брзо и лесно, а ќе уживате во нивниот вкус.
Состојки:
500 гр брашно
1 прашок за печиво
150 мл масло
1 поголемо јајце
150 мл млеко
100 мл јогурт
100 гр биено сирење
50 гр сушени домати
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе го калапот за мафини. Изрендајте го сирењето и исечкајте ги доматите на ситни парчиња.
Изматете масло, јајце, млеко и јогурт, а во чинија измешајте прашок за печиво и брашно па соединете ги состојките. Внимателно измешајте ја смесата со лажица, а потоа додајте сирење и домати.
Печете ги мафините околу 25 минути.
извор:кајгана.ком