Предлог за појадок кој ќе му се допадне на целото семејство.
Потребни состојки:
- 200 гр путер/маргарин
-
150 мл јогурт/кисело млеко
- 100-150 гр шеќер
- Околу 500 гр брашно
- 5 гр печиво
- Џем
Начин на подготовка:
Многу едноставна постапка, измешајте го путерот на собна температура со јогуртот и додадете ги останатите состојки. Замесете средно меко тесто. Може и да го оставите во фрижидер малку да се стегне за полесна работа, а може и веднаш да го исукате во кора. Поделете го тестото на делови и од секој дел исукајте правоаголни кори. Исечете ги на ленти околу 10-12 цм широки. На средина ставете фил по желба, џем или овошје. Преклопете од двете страни и убаво залепете ги двата дела. Исечете на парчиња (5-6 цм долги) и редете ги на плех со споените делови долу. Печете ги на 200 степени околу 15-20 минути. Оставете ги убаво да се изладат, па може да им наросите шеќер во прав. Одлични се и за ужинка или десерт.
View this post on Instagram
извор: кајгана