Живот и Стил

Идеи за уредување на стан во кој секое ќоше изгледа божествено

Идеи за уредување на стан во кој секое ќоше изгледа божествено

Само поради тоа што немате голем стан или куќа, не значи дека не може да го уредувате просторот во кој секое ќоше ќе воодушевува.

Уредувањето на малиот простор, баш како уредувањето на големиот простор, бара добри идеи за тоа што во просторот ќе функционира, а што не.

Исто така, малите простори не значат дека треба да ги бирате само основните парчиња мебел и да ги занемарите деталите кои домот го прават дом. Токму внимателното бирање на деталите во секој дом го даваат она нешто поради што тој изгледа неверојатно.

А, како секое ќоше да направите да изгледа совршено, покажала сопственичката на еден стан во американскиот град Њу Џерси која благодарение на избраните детали направила секоја просторија во станот да изгледа совршено.

При уредувањето користени се многу бели детали и создадена е вистинска нежна и светла оаза.

Кога во нашата галерија ќе ги погледнете фотографиите од овој стан, ќе забележите дека на белите ѕидови често има огледала, а токму ѕидовите во светли бои и користењето на огледала се два совети кои треба да ги примените за малиот стан визуелно да го направите да изгледа поголем.

Имено, освен што просторот го прават поубав, огледалата ја нагласуваат природната светлина во домот, визуелно го зголемуваат просторот и истакнуваат одреден дел од станот или домот.

Светлите ѕидови исто така визуелно го зголемуваат просторот.

извор: кармин.точка.мк

To top