Радио Милева каснување за душа?

Иако за себе тврди дека е пресметана, самоуверена, лојална, храбра, ѕверка… сепак на македонската пејачка не и се баш сите по мерка: Кој ја „извади од патики“ Кристина Димитри, па „меѓу редови“ му праќа скриени пораки? (ФОТО)

Иако за себе тврди дека е пресметана, самоуверена, лојална, храбра, ѕверка… сепак на македонската пејачка не и се баш сите по мерка:  Кој ја „извади од патики“ Кристина Димитри, па „меѓу редови“ му праќа скриени пораки? (ФОТО)

Кристина Димитри прилично самоуверено тргна да прави пејачка кариера и во Македонија и надвор од неа… Дали е на добар пат ќе покаже времето, но она што сигурно е дека сексапилната тетовка ги користи сите свои адути и оружја за да го зграпчи успехот… И тоа со обете раце! И изглед и имиџ и стил и сексапил и убавина и  шарм и телесна дарба… Комплетна понуда за максимална возбуда… Сите женски трикови кои можат да и помогнат за да го компензираат она што можеби и не и е најмногу од Бога дадено, а сепак е најпотребно ако сакаш да бидеш пејачка со кариера.

Како и да е, на Кристина и успева во доволна мерка – барем засега, да го турка она што го наумила и тоа по свои правила. Вешто и умешно, доволно дискретно за да не биде пренападно, а сепак максимално конкретно за да биде доволно привлечно и забавно. И очигледно има намера себеси да се промовира на голема врата и тоа „преку ред“ и кај северниот сосед, зашто ако успееш во Белград и Србија, твоја е цела бивша Југославија, колку сето тоа да изгледа како (не)возможна мисија.

Довербата во себе и своите квалитети очигледно не и недостасува, па дури и е и посилна страна. Впрочем и самата тврди дека е пресметана како волчица, самоуверена како граблива птица, лојална како ждребица, храбра како лавица, опасна како тигрица…

Сепак на македонската пејачка по се’ изгледа не и е баш се’ и сите по мерка!?

Она што го споделила во последниот пост на своите Инстаграм приказни јасно говори дека има нешто или некој(а)  што лично многу и пречи и ја засега!?  Само прашање е кој  тоа ја „извади од патики“ Кристина Димитри, па „меѓу редови“ му праќа скриени пораки!?

За каква љубомора и отрови говори кога вели: „Љубомората е отровна состојка, ама на отров како мене не делува (не ви стана јасно до сега)?

Кој тоа и љубомори и за што на бившата мисица, ако веќе знае дека ќе има работа со жена – „итра лисица“? Малку веројатно е дека бившиот сопруг, кој барем според споделеното на социјалните мрежи, е преокупиран со својата лична среќа од втор обид. Ако е конкуренцијата во прашање, под естрадното небо има место за сите. Колку некому и да му „пречиш“, ако си сигурен дека со квалитетите предничиш, „мува нема да те лази“ за туѓото мислење, зашто и да сака, никој ништо  не  ти може!

Тогаш што е тоа што е „толку лично“, чија тоа љубомора и за што, Кристина Димитри ја „вади од патики“, а Бога ми и „од штикли“, па не можејќи тоа да го игнорира, не можела ни да додржи и морала јавно да го сподели?   Дали е во прашање толку „отровното каснување за душа“ што боли до коска, за отровот и на „отров како неа“ да делува, колку Кристина тоа и да го негира?

Сепак она што  атракативната пејачка очигледно не ја напушта е самодовербата… Затоа на крајот и порачала: „Ама како што се шири кариерата моја, па и вие со мене на крајот од денот… Во право сте! Заедно растеме“.

И во право е. Само прашање е што: Реалноста или заблудата? И чија, нејзината или таму… нечија?

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

 

To top