Пејачот Аца Лукас е слаб на својата ќерка Викторија, но не штеди кога е во прашање и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.
Иако имаа турбулентен однос кој заврши со крај на бракот, Аца и Соња изгледа успеале да ги надминат сите несогласувања.
Како што пишуваат српските медиуми, Аца одлучил да го финансира одморот на Соња и да ја прати на море заедно со нивната ќерка.
Соња и Викторија уживаат во еден од најлукузните хотели во Дубровник, а според пишувањата на медиумите, пејачот за нивниот одмор платил 5 илјади евра.
View this post on Instagram
Тие ќе останат 10 дена во Хрватска, а според фотографиите кои Соња ги објавува на социјалните мрежи веќе си поминуваат убаво.
View this post on Instagram