Јелена Карлеуша важи за самоуверена и харабра личност без влакна на јазикот, а дури и кога е во тежок период од својот живот, таа се појавува во јавност со крената глава – горда на она што е, и се’ што и се случува.
Иако и повеќе од доволно беше во хаос поради скандалот со Огњен Врањеш, почина и нејзината мајка Дивна Карлеуша, загуби родител, најблиската личност која и беше поткрепа и стоб во животот.
Сепак, српските медиуми не ја оставија ниту за момент да здивне и постојано од неа бараат да ја плати највисоката цена на славата.
Папараците ја следат во чекор, а пак српските таблоиди пишуваат што ќе им текне само за кликови, а на сметка на невољата на туѓиот грб, без грам етика во новинарскиот кодекс.
До пред само некој ден пишуваа дека сопругот Душко Тошиќ и купил куќа и е до неа во најтешките моменти, па друри еден месец остана во Белград и паузираше од фудбалот – што е вистина.
Но, одненадеш само поради виртуелната перцепција дека повеќе не биле пријатели на Инсатграм, шпекулациите ги преминаа сите граници. Ја разведоа, одредија колку ќе зема алиментација за децата, колку имот ќе и припадне… Иако, Душко не кажал ниту збор дека и пратил документи за развод и дека нивната заедница заврши.
Јелена пак, каква што ја дал Бог иако кажа дека најдобро во случајов е да молчи, нејзината импулсивна природа и темперамент не ја оставија со затворена уста – напротив!
Таа се појави во одлично модно издание на новото снимање на „Ѕвездите на Гранд“, насмеана и горда, па на злите јазици и души жедни за туѓа несреќа им порача:
-Вистината е како лав… Не мораш да ја браниш, остави ги да изгубат… Ќе се бранат самите! Срце на лав! – пишува Карлеуша во својата последна објава.
Инаку, таа неодамна поднесе 160 тужби, меѓу кои најголемиот дел се против срспските таблоиди, уредници и новинари.