Радио Милева

И „пукна филмот“: Рада Манојловиќ им врати на сите оние што ја нарекуваат селанка!

И „пукна филмот“: Рада Манојловиќ им врати на сите оние што ја нарекуваат селанка!

Популарната пејачка на „Гранд“, Рада Манојловиќ реши на никој повеќе да не му ќути, а особено на корисниците на социјалните мрежи кои ја навредуваат.

Во една прилика се испокара со таканаречените „хејтери“ кога ја исмејуваа за носот, а во последно време се повеќе ја навредуваат за новата фризура и стајлинг со коментари дека е селанка.

Рада не сакаше да им остане должна, па и порача:

-Навистина некој е многу несигурен во себе кога мисли дека може да ме навредува кога ќе ми каже дека сум селанка. Не можете никого да навредувате, кој знае од каде е и што е. Невозможно е мене да ме навредувате зашто сум возела трактор. Мене ми е нејасно како се обидуваат да навредат некој што знае од каде му е потеклото и што направил во животот, гордо истакнува Рада.

To top