Живот и Стил

И премногу пиење вода не е на арно – еве ги најлошите последици од „прехидрирање“

И премногу пиење вода не е на арно – еве ги најлошите последици од „прехидрирање“

Честото потсетување и предупредување за важноста од доволното внесување на течности во организмот и хидрирањето на дневна основа треба да се сфатат најсериозно. Но, еднакво треба да се внимава и да не се претера со хидратацијата и внесувањето на дневни количини на вода.

Проблемите кои ги предизвикува дехидрирањето се општо познати и докажани. Но, испаѓа дека, сепак, може да се претера и со пиење вода, кое еднакво носи навистина сериозни нарушувања на здравјето и потенцијално фатални последици кои можат да резултираат со смрт.

Просечната количина на вода која возрасен човек треба да ја консумира дневно е 3 до 4 литри. Сепак, треба да се има на ум и фактот дека човечките бубрези имаат капацитет за обработка на само еден литар вода на час. Ако претерате со пиењето вода, бидејќи течноста нема каде да оди освен во бубрезите, истата се сместува во внатрешноста на клетките кои поради тоа набабруваат.

Тој процес се нарекува и труење со вода. Истиот опасно го намалува нивото на натриум во крвта, поради што телото потешко го регулира крвниот притисок. Симптомите од труење со вода вклучуваат главоболка, збунетост, чувство на мамурлук, но ако дојде до зголемување на крвниот притисок, пациентот може да добие оштетување на мозокот, да падне во кома, а во најекстремни случаи и да почине.

Лекарите препорачуваат проверка на бојата на мокрачата со цел да можете приближно да си го одредите нивото на „прехидрираноста“.

Лиз Вејнанди, регистрирана диететичарка на државниот универзитет „Векснер Медикал Центар“ во Охајо, вели дека треба да внимавате вашата мокрача да одржува „светла лимон жолта боја“, пренесува Popsugar.

Особено на ова се предупредуваат маратонските тркачи и планинските тркачи, кои треба да внимаваат колку вода пијат за време на трките, со оглед на тоа дека студијата посветена на оваа проблематика покажува дека еден од шест тркачи развива благо труење со вода.

To top