Гордана Бјелица е српска актерка, која стана позната по мегапопуларната серија „Среќни луѓе“, во улогата нао Беба, секретарката на познатаиот директор Попара.
Имавме можност да ја гледаме и во играни серии како „Ѕвездара“ и „Породично благо“, а пред неколку години беше учесничка во реалното шоу „Фарма“, каде што беше многу забележлива.
Актерката е родена во Обреновац во 1959 година, а нејзината последна улога засега е во „Ургентниот центар“ каде го толкуваше ликот на Милена Арсиќ.
Нејзиното бакнување со покојниот Екрем Јевриќ и пејачот Ера Ојданиќ привлече големо внимание во „Фарма“, а особено шокираше кога се дозна дека откако излегла од ова ријалити, немала пари ниту за такси да си оди до дома.
Во последно време актуелна е и нејзината ќерка Теодора која ги следи актерските стапки на мајка си.
Иако многу се зборуваше дека Гордана ја добила Теодора како вонбрачно дете со покојниот новинар и воен аналитичар, а последно и амбасадор на Србија во Руската федерација, Мирослав Лазански, а тој никогаш не ја признал како негова ќерка, актерката избегнува да зборува за тоа и истакнува дека сама ја израснала.
Фото: Инстаграм принтскрин/gordanabjelica8888