Радио Милева
и го смени животот... и навиките

И Нора Шаќири го покажа бебето: „Не веќе ништо важно, мојот свет е комплетен“ (ФОТО)

И Нора Шаќири го покажа бебето: „Не веќе ништо важно, мојот свет е комплетен“ (ФОТО)

Некогашната ТВ водителка и модел и „шарена активистка“ Нора Шаќири откако деновиве за прв пат стана мајка, сега за прв пат и го покажа своето новородено чедо на социјалните мрежи. Имено, таа на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии со новороденото синче, кое доби необично странско име Ијан.

На една од нив среќните родители ги во гро план ги фотографирале своите раце како го држат малото раче на новороденото чедо, а во описот на фотографијата среќната мајка напишала:

„Не е важно веќе ништо. Мојот свет е комплетен. Чувајте се за да го комплетирате и вие вашиот свет. Ијан , мама, тато…“

Во меѓувреме Нора сподели и фотографии од тоа како големото семејство, распрскано по разни земји на Западот, со мекици го прославило доаѓањето на малечкото внуче на овој свет.

Непосредно потоа на Фејсбук осамна и првата јавна, заедничка фотографија на мајка Нора како во прегратки го држи своето чедо Ијан.

„Мојот живот – бебето Ијан“ – додала  среќнта мајка, сепак криејќи го лицето на новороденчето од јавноста.

Но, уште претходно, веднаш штом со својата принова си дојдоа дома од породилиштето, Нора од карантинот се пофали на социјалните мрежи како течет првите денови со новиот член на семејството, а бившта „шарена револуционерка“ сега има нова забава во карантинот, па навиката „да протестира“, како млада мајка, ја заменила со нова – да аплаудира:

Инаку, како што веќе пишувавме, поранешната ТВ водителка, модел,  една од најгласните политички активистки, јавен поддржувач владеачката СДСМ уште од времето на Бранко Црвенковски, па се’ до Зоран Заев и родена сестра на пејачот на групата „Нон стоп“, Бени Шаќири, Нора Шаќири стана мајка во првата недела од месец април 2020 год.

Таа и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ за прв пат станаа родители. Само неколку часа по породувањето Нора и преку социјалните мрежи му посака добредојде на синот Ијан, а се огласи и во електронските медиуми давајќи изјава за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-porodi-nora-shakjiri-a-sincheto-dobi-neobichno-ime-foto/

Останати вести од Радио Милева