Харис Џиновиќ ретко зборува за семејството, а особено за неговата ќерка Џина, но сега направи исклучок.
Познато е дека Џина крева голема прашина со своите објави на социјалните мрежи, а сега Харис откри дали и дал некој совет.
– Не се мешам во нејзината работа и нејзиниот избор. Јас сум запознаен со тоа, но таа може да ви даде некои експлицитни одговори и токму она што го барате. Не ѝ дадов совет бидејќи немам искуство во тој бизнис, туку и реков да се однесува како што треба, нормално и пристојно – изјавил пејачот.
Харис потоа додал и дека не планира да се пензионира.
– Ќе пеам додека сум жив – изјавил пејачот за Србија денес.
Да потсетиме, иако Џина негираше дека е во врска со раперот Михајло, попознат како Војаж, сепак нејзините следбеници не мислат така.
Фото: Printskrin/Инстаграм/harisdzinovic_official