Летните сезони и одмори се во полн ек, а познатите дами од естрадата уживаат на плажа, покрај езеро, море, раскомотени во бикини и ги покажаа своите облини.
Некои уживаат во Македонија, во нашиот Охрид, други во Турција, Грција, Црна Гора, Албанија.
Македонската водителка Ирена Спировска која е позната по планинарењето и физичките активности, секогаш кога има прилика оди на планина, да се искачува на некој врв, да планинари со нејзините пријатели, со нејзиниот партнер.
Меѓутоа, сега водителката замина на заслужен одмор покрај море да ги наполни батериите за престојните работни активности.
Имено, Ирена овој период летните денови ги поминува во Валона, Албанија заедно со нејзиниот партнер Душко Исајловски.
Таа во кусите приканзи на „Инстаграм“ прво сподели фотографија додека го пие кафето…
Потоа следеше една заедничка фотографија со Душко. Ирена е облечена во бикини и наметка и без грам шминка, а од приложеното може да се забележи дека изгледа одлично за нејзините години.
Потоа, водителката ги снимаше плажите и преубавиот поглед од плажите.
Се надеваме дека водителката ќе ги наполни батериите и ќе биде подготвена за новите работни активности.