Радио Милева
Голема промена за Рада

И го „испрал мозокот“: Харис Берковиќ откри поради кого ја раскинаа шестгодишната врска со Рада Манојловиќ

И го „испрал мозокот“: Харис Берковиќ откри поради кого ја раскинаа шестгодишната врска со Рада Манојловиќ

И додека сите ги чекавме свадбените ѕвона, неодамна во медиумите одекна веста за раскинувањето на пејачката Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ. Парот долго време не се огласуваше за ова, па се беше на ниво на извори на информации и навестувања. Сепак, како што сега пишува „Свет“, се огласи Харис Берковиќ, па причината за раскинувањето на овој пар повеќе не е тајна.

– Харис и Рада одамна не се како што треба, цело време се караа и целосно се оддалечија. Многу му пречело нејзиното дружење со Милан, не затоа што и бил поранешно момче, туку затоа што мислел дека има лошо влијание врз неа. Кога и да отпочнуваше тема за Милан, доаѓаше до расправија и се му пречеше. Рада целосно се сврте кон религијата и го промени односот кон своето момче, бидејќи Милан и го „исперал мозокот“ – вели извор на кој Харис му се доверил и жали што Рада многу се променила.


– Ја запостави кариерата поради врската со неа и сега гледа дека згрешил, но се надеваше дека врската со Рада му е доживотна. Таа е многу променета, веќе не знае што прави и што зборува – вели извор близок на поранешната двојка, откривајќи во јавноста дека Милан Станковиќ веројатно бил една од главните причини за раскинувањето на Рада и Харис.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева