Џенифер Лопез важи за една од најубавите жени на светот, има 53 години и негира дека направила некаква естетска операција.
Сепак, латино дивата никогаш не криела дека нејзиниот беспрекорен изглед се должи на добрата генетика, грижата и малите трикови за шминкање.
Џенифер покажа како постигнува младешки изглед со шминка која брише децении од нејзиното лице. Покрај внимателното контурирање со темен бронзер, пејачката нанесува коректор на стратешки места – образите и брадата.
View this post on Instagram
Таа нанесува бронзер на јаболчниците, а она што нејзините обожаватели го забележале е начинот на кој визуелно и ја крие брадата.
Џенифер нанесува и темен бронзер на брадата и по должината на вилицата и внимателно ги нанесува производите додека не се спојат со пудрата за да го минимизира изгледот на подбрдокот. Ѕвезда признава дека сепак нејзината најголема тајна за убавина е осумчасовниот редовен сон.
фото:Профимедиа