Радио Милева

Хрватскиот пејач доби титула за крал на пропаднатите бракови – се разведува по четврти пат

Хрватскиот пејач доби титула за крал на пропаднатите бракови – се разведува по четврти пат

Само една и пол година од венчавката и 17 месеци по раѓањето на неговата ќерка Си, Борис Новковиќ и неговата четврта сопруга Ирис Волф, која е 25 години помлада од него, веќе не се заедно.

Борис веќе има три брака зад себе, поради што ја доби неофицијалната титула во Хрватска – крал на неуспешните бракови затоа што склучил три заедници за триесет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Novkovic (@boris_novkovic) on


Прва сопруга на Борис беше актерката Бојана Грегориќ, со која беше во брак пет години.

После тоа, тој беше во брак со новинарката Луција Матиќ тринаесет години. Со неа има и два сина, Ноа (6) и Бона (3).

Вториот брак се распадна затоа што, како што пишуваа хрватските медиуми, Борис Новковиќ се заљубил во сликарката Ива Вишошевиќ, со која беше скоро три години.

To top