Мегафон

Христијан Мицкоски присуствуваше на концертот на Ерос Рамацоти (фото)

Христијан Мицкоски присуствуваше на концертот на Ерос Рамацоти (фото)

Во рамки на својата светска турнеја која започна во февруари оваа година, италијанскиот пејач Ерос Рамацоти вчера одржа и спектакуларен концерт во „А1 Арена“ во Скопје.

На концертот присуствуваше многубројна публика, како личности од светот на шоубизнисот, така и од областа на јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија.

Меѓу нив и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој  заедно со негова сопруга Рози вчеравечер присуствуваа на концертот на големата италијанска ѕвезда, покажувајќи дека светските културно-музички вредности им познати и блиски.

Двојката уживаше во познатите хитови на еден од најдобрите вокали, а од таму си заминаа со позитивна енергија, воодушевени од атмосферата и она што како музичко-сценски перформанс го понуди италијанската музичка ѕвезда.

Инаку,  Ерос Rамацоти исто така на концертот во Скопје го промовираше и најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n’e“.

 

To top