Ако сакате полесно да заспиете, два часа пред спиење не треба да внесувате тешка храна.
За добар сон можете да изедете јаболко или кајсија.
Бананите ќе ве ослободат од стрес и ќе помогнат побрзо да заспиете.
Освен за појадок, и за вечера можете да јадете овесна каша и таа ќе го смири вашиот нервен систем.
Исто така можете да јадете и мрсна риба која има омега три масни киселини и Б6 витамин.
Пред спиење може да се пие топло млеко или да се јаде грозје.