Живот и Стил

Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите љубовни советници

Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите љубовни советници

Не се сите вешти во давање совети, особено кога станува збор за љубовните врски. Но, во астрологијата постојат три знаци кои поседуваат карактеристики на одлични советници за љубовни проблеми. Можеби токму поради тоа што и самите имаат среќа во љубовта.

Еве на кои знаци може да им се обратите за совет кога имате љубовни дилеми:

1. Риби

Личностите родени во знакот на Риби имаат изразена емпатија и полесно од останатите ги разбираат туѓите емоции. И самите се прилично чувствителни, како и останатите водени знаци, а тоа што ги одвојува и ги прави експерти за давање совети е нивната рационалност.

2. Стрелец

Тие секогаш се искрени и добронамерни, барем кон луѓето кои тоа го заслужуваат. Немаат влакна на јазикот и отворено ќе ви кажат ако сте самите виновни за љубовните проблеми. Тие се објективни набљудувачи и нема да ви го кажат тоа што сакате да го слушнете туку тоа што ви е потребно за да го решите проблемот.

3. Девица

Девиците се познати по нивната проникливост и често појасно ги гледаат работите од останатите. Тоа ги прави одлични советници за сите аспекти од животот, не само за проблеми во љубовта. Тие се рационални и нема секогаш да застанат на ваша страна, но ќе ви помогнат секоја ситуација да ја погледнете од различни агли за полесно да дојдете до решението.

Извор: Кајгана

To top