ОВЕН
Работа: Морате да го смените мислењето за личностите кои се покрај вас. Понекогаш претерувате со својот идеализам за колегите. Бидете штедливи.
Љубов: Сакате нешто да смените во врската или во бракот. Прочнете од себе и од своите навики.
Здравје: Чувствителен нервен систем.
БИК
Работа: Очекувате веројатно некој да ви помогне. Поддршката секогаш е добродојдена. Побарајте ја во личности од знаците Бик или Рак.
Љубов: Партнерот е некој кој денеска ве насочува каде да одите. Ги имате сите можности да успеете во љубовта.
Здравје: Чувствителност во долниот дел од телото.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сакате на лесен начин да дојдете до пари. Иако има индикации за такво нешто, сепак, денеска не е тој ден. Ќе ви треба повеќе напор околу заработка.
Љубов: Денот ќе го минете главно во телефонска комуникација со партнерот.
Здравје: Добри сте, и немате нервоза.
РАК
Работа: Вие сте некој кој важи за добра личност. Често ве викаат дека сте среќа на другите. Денеска помагајте уште повеќе на оние кои немаат.
Љубов: Партнерот ја сака вашата пожртвуваност, но не е во прилика да биде ист или барем сличен на вас.
Здравје: Мали тегоби во бубрезите.
ЛАВ
Работа: Колку сте подготвени да бидете некој кој е предводник на поголема група работници? Точно е, вие сте „ѕвезда“, но сега треба да покажете и знаење.
Љубов: Не сте сигурни во вашиот партнер и во неговата верност. Тоа добро испитајте го, пред да донесете конечна одлука.
Здравје: Имате повеќе енергија, трошете ја надвор од дома.
ДЕВИЦА
Работа: Можеби посакувате повеќе обврски да ги префрлите на некој кој работи со вас. Тоа не е добро. Кога тогаш повторно ве чека оптоварување и работа.
Љубов: Не сте потполно отворени кон саканата личност. Опуштете се.
Здравје: Повеќе овошје, витамини во исхраната.
ВАГА
Работа: Внимавајте на соработниците. Можеби некој од странство ќе зачука на вашата врата, а вие не го слушате. Можна соработка со младински организации.
Љубов: Емоциите се тука, присутни, но блокирани, длабоко потиснати.
Здравје: Нервоза, висок притисок.
ШКОРПИЈА
Работа: Се борите сами против сите, а најмногу против себе. Тоа нема да ви донесе ништо добро. Не попуштате.
Љубов: Често ги ставате материјалните вредности пред сите други. Партнерот има чувство дека се губи во материјализмот кој ве опседнува.
Здравје: Се чувствувате несигурно.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Денеска имате потреба да се докажувате и тоа сите да го видат и да го чујат.
Љубов: Внатрешните стравови ве опседнуваат. Пријателите и партнерот сакаат да побегнат од вас.
Здравје: Немојте да барате лесни решенија. Направете длабока анализа.
ЈАРЕЦ
Работа: Сакате се сами да раобтите. Премногу обврски се пред вас. Сигурно ве притискаат и од колективот. Направете распоред.
Љубов: Не сте подготвени за промени. Морате да се позанимавате со вашиот љубовен живот.
Здравје: Добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Вие често се прашувате: „Што ми треба на мене“? Но вие сакате да доминирате, и тоа е убаво, само претставува голем товар.
Љубов: Партнерот со кој живеете не е задоволен со вашето однесување. Често му се дерете.
Здравје: Чувајте го грлото.
РИБИ
Работа: Вие сте многу добар работник. Иако вашата внатрешна природа не ви дозволува да се истакнувате премногу, освен ако не сте некој огнен подзнак.
Љубов: Ќе имате убав ден, особено доколку некое ново познанство се случи преку ваш пријател.
Здравје: Внимавајте на стопалата.