Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, објави урнебесно видео од неговиот татко и припадниците на полицијата.
Имено, Игор и Кеба биле запрени од сообраќајната полиција, а пејачот им ги испеал стиховите на големиот хит од 1996 година „Немам драге“.
Сообраќајците со ентузијазам го слушаа и пееја со него, а кога заврши, пејачот се пошегува со нив и рече:
-Вади пари, вади пари ајде!
Игор успеа да го сними овој момент и да го стави на социјалната мрежа Инстаграм, а Кеба покрај сообраќајците секако ги насмеа и своите обожаватели.
видео: Instagram/ igorkojic
фото: Instagram printscreen/ dragankojickeba