Сигурни сме дека нема водител кој немал барем еден блам во кариерата. Грешките се составен дел од секоја работа, но кога сте телевизиски водителки во прашање, ваквите грешки ги гледа целата земја, па дури и пошироко, регионот.
Овој пат хрватска водителка од телевизијата MaxSport немаше среќа и се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност. Имено, кога водителката ја одјави фудбалската емисија и го најави преносот од стадионот на кој требаше да се вклучи колега коментатор во директниот пренос од првото коло на ХНЛ помеѓу Динамо и Локомотива, почнаа рекламите.
Меѓутоа, по рекламите, наместо преносот од стадионот, сликата од студиото повторно по грешка била вратена, при што гледачите можеле да видат призор од „зад сцената“ во кои водителката си го поткренува фустанот нагоре и ја отстранува „бубачката“, т.е. микрофонот што го носеше за време на студиското издание. Момент кој најмногу го привлече машкото внимание. Погледнете како изгледаше овој своевиден ТВ студио стриптиз во видеото во продолжение: