Хелена Роза заедно со семејството веќе неколку години живее во Нов Зеланд, а иако не е активна во македонскиот шоу-бизнис, таа секогаш е атрактивна за домашните медиуми.
Деновиве се пишуваше за роденденот на нејзината наследничка, убавата Кјара која во Нов Зеланд го прослави својот 21-ви роденден.
Децата на познатите секогаш го имаат медиумското внимание, па таков е случајот и со ќерката на Хелена која е атракција сама по себе.
Славеничката објави неколку роденденски фотографии на својот Инстаграм, а освен тоа што беше пофалена во написите за изгледот, Кјара си доби и неколку професионални титули: актерка, модел и дизајнер, што ја изнанади мама Хелена и текстот го сподели на Инстаграм, потенцирајќи на она што досега и е непознато за ќерка си.
Дека Кјара била во фотосесии и изгледа како модел и не е далеку од вистината, дека ја бидува и за глумење во музички спотови и тоа држи место ама за дизајнирањто познато му е само на авторот.