Радио Милева Марш... Ако ти вратам!

Хаос во соседството – Бугарката ја ископира Србинката: Преслава не само што и ја препеа песната, туку и и’ го „преслика“ спотот на Прија (ВИДЕО)

Хаос во соседството – Бугарката ја ископира Србинката: Преслава не само што и ја препеа песната, туку и и’ го „преслика“ спотот на Прија (ВИДЕО)

Една од најпознатите бугарски пејачки, Преслава, ја обработи песната „Марш“ на Александра Пријовиќ.

Имено, Преслава го отпеа хитот на Прија од минатата година, но она што повеќе ги изненади нејзините фанови е што сними идентичен спот како српската пејачка, па оттамму многумина се запрашања дали тоа Бугарката и буквално ја „ископира“ Србинката?

Иnaku,приказната во видеото кај обете пејачки е речиси идентична, со тоа што кај Прија приказната се случува нормално во балканска кафеана, додека кај Преслава тоа малку е модифицирано и модерниозирано, па се случува во казино.

На српскиот спот на Прија како автор ( сценарио и режија)  потпишан е Немања Новаковиќ, додека во видеото кај Преслава режијата ја потпишува Кристијан Русев.

Единственото нешто што се разликува од песната на Александра е текстот и насловот, па Преслава нејзината песна ја нарече „Ако ти врна“ (Ако ти вратам). Освен тоа, таа го отпеала овој хит заедно со машко дуо кое себеси се нарекуваат „Торино и Пашата“.

Сепак, останува непознато дали Преслава и платила на Пријовиќ за правата за изведба на оваа песна, на која како автори на музиката, текстот и аранжманот се потпишуваат Дејан Костиќ и Драган Брајовиќ – Браја!

Ќе има ли скандал, тужба и судска разрешница или се одело „регулар“ за песната на српските автори и пејачка, Бугарката да ја вметне во својот репертоар – допрва ќе дознаеме.


Колку и кава е сличноста сами проценете откако и двете видеа ќе ги погледнете…  Најпрвин она на Прија…

…А потоа и онаа на Преслава.

Фото и видео: YouTube/Aleksandra Prijovic – Mars/Torino & Pashata X Preslava – Ако ти върна

To top