Пејачката Гвен Стефани гостуваше во емисијата на Сет Мејерс, но наместо интервју, во прв план дојде нејзиниот непрепознатлив изглед кој ги изненади фановите.
„Непрепознатлива“, „Чекај, кој е тоја, по ѓаволите?“, „Леле, ми требаше една минута да ја препознаам“, „Престани со операциите“, „Жал ми е што го кажувам ова, но не ја препознав. Те молам, Гвен, застани“, „Можеби има алергиска реакција на нешто“, „Не ја препознавам“, се коментарите под видеото за гостувањето.
Пејачката пред неколку месеци ја прослави првата годишнина од бракот со сопругот Блејк Шелтон. По тој повод тие на Инстаграм споделија моменти од нивната бајковита свадба. А, Шелтон објави фотографија со Гвен на подиумот за танцување на свадбата.
Гвен во минатото беше обвинета дека често оди под нож, но никогаш јавно не ги коментираше сите овие тврдења, но еднаш го коментираше својот младешки изглед за време на интервјуто за „Elle“.
„Единственото нешто што навистина го променив кај себе е да се обидам да ја тргнам сета шминка. Клучот е да го исчистите лицето ноќе. Оставете го вашето лице да дише затоа што јас навистина не му дозволувам да дише во ниту едно време“, изјавила Гвен.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Епа/Јутјуб