Радио Милева ДЕН, ПОВЕЌЕ ОД ЗНАЧАЕН

Густо „стори“ кај Сузана Гавазова, а во домот весела роденденска забава (фото)

Густо „стори“ кај Сузана Гавазова, а во домот весела роденденска забава (фото)

Годината си оди и животот во нови предизвици и непозната иднина го води. А роденденот кога ќе дојде мора да се прослави и да се одбележи годината што ни се додава.

За роденденот фолк пејачката Сузана Гавазова на нејзиното „стори“ на социјалната мрежа Инстаграм,  милион честитки си доби, па слатко им се израдува, заблагодарувајќи им се на сите по ред.
Кон честитките се придружи  и голем дел од дијаспората, како и нејзината пријателка, некогашната македонска водителка, Хелена Роза која живее и работи во Нов Зеланд.

А не изостана и честитката од атрактивната кумановка Сани Гроздановска која со заедничка фотографија и го честиташе роденденот на колешката.

Роденденската забава, провокативната струмичанка ја славеше во домашна атмосфера со богато подготвена домашна трпеза, на која имаше салати, скара и разни специјалитети прекрасно сервирани и декорирани. Додека во позадина се слушало турбофолк и народна музика на која гостите играа качени на столиците.

Гавазова сето тоа го стави на социјалната мрежа „Инстаграм“, а од таму можевме да ѕирнеме во домашната веселба каде ја покажа и убавата новогодишна елка во бела боја која го красеше нејзиниот дом, додека, славеничката позираше со нејзината провокативна фигура и го покажуваше бујното длабоко деколте покриено само со провидна црна мрежичка. Славеничката не пропуштти да се пофали и дека богатата трпеза ја приготвила сама.

Па иако дамите не ги бројат годините, овој посебен ден за секого е повеќе од значаен.

Нека е среќен !

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сузана Гавазова

To top