Радио Милева 6 години среќа, една полна вреќа

Грст честитки пристигнаа на нејзина адреса: Андријана Јаневска имаше убав повод за славење

Грст честитки пристигнаа на нејзина адреса: Андријана Јаневска имаше убав повод за славење

Македонската пејачка Андријана Јаневска ужива во бракот со некогашниот гитарист на култната македонска група „Архангел“,  Драган Гиновски-Гино.

Андријана и Драган од бракот ги имат синовите Димитар и Кристијан, па парот ужива во семејната идила во нивниот дом во Бардовци.

Пејачката не е толку премногу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели некој приватен момент или дел од незиниот дом кој наликува на парче од рајот.

Меѓутоа, деновиве Јаневска имаше убав повод за славење. Имено, на својот „Инстаграм“ таа обзнани дека нејзиниот син Кристијан наполнил шест години.

„ 6 години среќа, една полна вреќа! Кристијан“, напиша покрај галеријата од неколку фотографии.

фото: принтскрин/инстаграм/андријана јаневска

Јаневска сподели и дел од роденденската атмосфера во дворот на нивниот дом, а тука е и роденденската торта која на горниот дел има фотографија од маче.

фото: принтскрин/инстаграм/андријана јаневска

Под објавата се нижеа бројни честитки, а меѓу нив се најдоа и оние на Елена Петреска и Нина Ристовска.

фото: принтскрин/инстаграм/андријана јаневска

Среќен роденден!

To top