Македонските јавни личности, но и мнгоубројни познати од регионалнта музичка сцена често доаѓаат на адреса кај македонскиот мајстор за уметничко дело, композиторот Дарко Димитров.
Тамара Тодевска, Лина Пејовска, Наташа Беквалац, Емина Јаховиќ, па се до Анастасија Ражнатовиќ знаат да се најдат во студиото на Дарко каде се чека ред за нов хит.
И кога новата песна ќе биде објавена, познатите ја споделуваат на своите профили на социјалните мрежи, а Дарко како композитор може да биде горд бидејќи песните бројат по милионски прегледи.
Меѓутоа, деновиве на адресата на Димитров пристигнаа многу честитки по друг повод.
Имено, композиторот вчера го славеше 47 роденден, па неговите соработници, пријатели, колеги како од Македонија, така и од регионот упатија искрени честитки со желби за здравје, успех и среќа.
Македонската пејачка Лина Пејовска објави заедничка фотографија, а во описот напиша:
„Среќен роденден на кралот за правење на музика. Те сакам“.

Честитки пристигнаа и од Бостон, од Ања Ветерова.
Даниела Кариќ исто така го честиташе роденденот на Дарко
„Среќен роденден на нашиот драг пријател Дарко“.

„Happy birthday man“ напиша и Филип Божиновски.

Честитки пристигнаа и од хрватската пејачка Јелена Розга.

Aлександар Тарабунов..

Кон честитките се приклучи и Тамара Тодевска која често соработува со Дарко.

Српската пејачка Каја Остојиќ преку својот „Инстаграм“ испрати честитки:
„Среќен роденден, остани секогаш толку скромен и најстрашниот продуцент“.

Ни Анастасија Ражнатовиќ не го заборави Дарко, па напиша:
„Среќен роденден Даре. Да си жив, здрав, уште 100 години“.

Веруваме дека на Димитров му поласкале убавите и искрени пораки за овој важен ден, а очекуваме и дека композиторот во 2020 ќе продолжи да прави песни за најпознатите ѕвезди.