Живот и Стил

Грешки кои и најискусните патувачи сè уште ги прават

Грешки кои и најискусните патувачи сè уште ги прават

Можеби патувате доволно често за да мислите дека знаете сè и ништо нема да ве изненади, но сигурно сè уште правите одредени грешки.

Со тек на времето сигурно сте научиле дека нема потреба од преголеми куфери и дека забавата често е во некој паб во споредните улички.

Но и покрај тоа, веројатно некои нешта никогаш не ги научивте за патувањето:

Не резервирате преноќување

Ова е грешка која ја прават и најискусните. Многу е веројатно дека летот или долгото патување ќе ве уморат, па затоа не е лошо да го „преполовите“ патот со тоа што ќе преспиете и ќе продолжите или ќе резервирате соба во хотел за меѓу два лета, наместо да чекате во аеродромот.

greshki-koi-i-najiskusnite-patuvachi-se-ushte-gi-pravat-02.jpg

Не купувате патничко осигурување

Патничкото осигурување е потребно да го имате дури и ако се враќате од пат истиот ден. Никогаш не можете да предвидите дали ќе изедете нешто што не му годи на вашиот стомак или случајно ќе се повредите. Парите за осигурувањето се ситница спрема тоа колку ќе ве чини лекарски трошок доколку го немате.

Се чувствувате обврзани да ги посетите атракциите

Атракциите се најздодевните делови од градовите. Секогаш се преполни со луѓе кои се фотографираат во за нив креативни пози и создаваат гужва. Најдете алтернативна забава во големите градови, верувајте, ја има.

greshki-koi-i-najiskusnite-patuvachi-se-ushte-gi-pravat-03.jpg

Ги жртвувате сонот и оброците

Запомнете, особено е важно да спиете редовно и да се храните соодветно дури и кога патувате. Не нарушувајте го сопствениот ред кој сте го воспоставиле само затоа што не сте дома.

Се обидувате да планирате

Помирете се, ова нема да ви успее, особено ако патувате во место што не го знаете. Секогаш постои можност да се успиете, да не најдете такси или да не ви се допадне местото. Не се вознемирувајте ако ништо не оди по планот бидејќи и онака плановите се нереални.

To top