Иако можеби не ви изгледа лесно да најдете совршен пар фармерки што ви одговара, па затоа се одлучувате за оние од лани, сепак треба да обратите внимание при купување на ова парче гардероба. Понекогаш грешките што ги правите при купувањето фармерки може значително да влијаат на вашето задоволство од купениот пар.
1. Слепо ги следите трендовите
Трендовите што ни се наметнуваат на социјалните мрежи од ден на ден може опасно да го привлечат вашето внимание, што многу често резултира со купување парче што воопшто не ви одговара или го носите само неколкупати и потоа го фрлате на дното од плакарот. Кога станува збор за ова парче гардероба, особено треба да се држите подалеку од трендовите и да изберете квалитетни и класични фармерки.
2. Пробувате само еден модел
Можеби сте носеле тесни фармерки со години и не можете да се замислите себеси во друг модел, но тоа може да биде она што ве оттргнува од пронаоѓањето на совршениот пар за вас. Тесните фармерки веќе не се популарни како фармерките за мајки (mom jeans) кои се тренд од минатата година и ги носат повеќето жени затоа што се одлични за девојки со фигура на песочен часовник. Затоа, не двоумете се и пробајте неколку модели затоа што никогаш не може да знаете кој модел може целосно да ве воодушеви.
3. Избирате квантитет наспроти квалитет
Понекогаш е примамливо да се купат три пара фармерки по цена на еден поскап, но тој поскап пар веројатно ќе го носите двапати подолго од сите три поевтини парови заедно. Кога купувате фармерки, изберете модели со повисок квалитет од цврст материјал, кои поубаво ќе ја истакнат вашата фигура и ќе ѝ дадат на целата облека скап изглед.