Живот и Стил

Грешка поради неа лицето брзо пропаѓа и се појавуваат брчки

Грешка поради неа лицето брзо пропаѓа и се појавуваат брчки

Отстранувањето на шминката е задолжително пред спиење, а бидејќи сите знаеме дека чистата кожа е важна, веројатно ќе направиме посебен „напор“ да ги отстраниме последните честички од маскарата, сенките… И во тој процес ја оштетуваме кожата, предупредуваат дерматолозите.

Кожата околу очите е исклучително чувствителна, а секој агресивен „напад“ врз неа може да доведе до оштетување кое на крајот ќе предизвика брчки.

Дерматолозите велат дека парче памучна вата или подлога треба да се натопи во средство, а потоа да се стави на затвореното око и само да се држи околу 30-40 секунди. На тој начин средстото ќе има време да ја стопи шминката, а нема да го иритираме окото со триење, кршење на трепките или оштетување на нежната кожа.

Потоа само избришете го окото со памук и измијте се, па нанесете крем за очи, но да повториме – никогаш не тријте го со груби движења!

извор:попара.мк

To top